Saturday, August 20, 2011

Зошто е Нејмар вреден 45 милиони евра ???





Neymar da Silva Santos Júnior или познат како Нејмар несомнено е играчот кој предизвика огромно внимание кај сите европски клубови со големи амбиции.На само 19 години колку што има овој младич,тој доби шанса да го предводи нападот на Бразил,во инзвонредно тешка конкуренција.Тоа доволно зборува за неговиот квалитет.На само 17 години дебитираше во дресот на Сантос откатко претходно го "печеше" фудбалскиот занает во младинската школа на истоимената екипа.Овој играч мојот интерес го привлече сосема случајно,откатко Робињо беше позајмен во Сантос од Манчестер Сити решив да го следам Сантос секогаш кога ке можам.Тука почна славата на Нејмар.Заедно со Робињо кој беше наименуван како негов тутор,и исто така уште едно младо момче помалку познато од овие двајца, Андре кој замина прерано од Сантос,грееше клупа во Динамо Киев,па на позајмица во Бордо и сега моментално е во Атлетико Минеиро во Бразил каде повторно ги тресе мрежите,редовно.Овие тројца формираа фантастично трио во нападот,тимовите во Бразилското регионално првенство едноставно незнаеа од каде попрво да се бранат.Помогнати од Гансо и Весли ( играч кој моментално настапува за Вердер Бремен ) навистина беше уживање да се гледа овој тим на Сантос кој растураше се што му застане пред патот.



Од тоа колку јас го имам следено,а го следам многу овој младич е фантастичен играч вундеркид,и сигурен сум дека со само 19 години колку што има сега,подготвен е за секое искушение.Без разлика што одигра бледо на Копа Америка ова лето,каде што имаше огромен притисок од сите страни,Нејмар одигра солидно постигна неколку гола но Бразил испадна многу рано.Но дали е тоа по кривица на Нејмар.Каде беа Робињо,Пато и останатите звезди,Нејмар немал искуство Нејмар вака Нејмар така.Доста срања прочитав за детево а лугето немаат појма кое е всушност ова момче,зошто токму он е во првиот тим на Бразил,зошто Сантос бара многу пари за него.Па тоа е и нормално кога не гледале ниедна утакмица,не ги гледале мајсториите негови,читаат македонски спорт,и гол точка ком и после јадат бурек.
Несакам да го величам премногу но ке се обидам најдобро да ги претставам неговите квалитети и одлики.Детето е брзо- струја,стабилен и способен да се бута и со поголеми магариња од него,неверојатен осет за гол и пас,добар центаршут,добар изведувач на слободни и на пенали едноставно готов играч на 19 години,суперстар кој во јака екипа ке даде 30 гола во сезона,гарантирано лично од мене.Ништо неможе да го сопре ова момче да биде огромен суперстар,да освои се сто е можно во Европа и у светот,без разлика освен само една работа а тоа е примерот на другите бразилски суперстарови во минатото,Адриано со пороците,Роналдо и Роналдињо со килажата.Според некои мои извори Нејмар има или имал допир со бандите во Сантос итн итн,останува да видиме дали и како ке се развива во суперстар ова момче.Сигурен сум во едно,ке уживаме во неговите мајстории во наредните 10 години.Барса купи го овој играч не оставај педерите од Задрид да го лапаат,Нејмар,Месси и Санчез и секое коло по 5-0 ке тепаме како сто го правеше тоа Сантос со Нејмар,Робињо и Андре.А вие незналици пред да кењате за ова момче одвојте 6 минути и видете колку вреди детево.Ако тоа е малку,гледајте ја наредната утакмица на Сантос.70 гола на 140 утакмици,за само 2-3 сезони,2 пати Паулиста и еднаш Копа Либертадорес,да ги освоиш сам и тоа кога имаш само 17,18 или 19 години епа не е малку,туку е точно 45 милиони .





Monday, August 1, 2011

Што да се очекува од Малага по "пакостите " на трансфер маркетот???





Општо за клубот низ историја

ФК Малага или (Mаlaga Club de Futbol ) е фудбалски клуб кој што се натпреварува во шпанската Примера дивизија,најсилната фудбалска лига во Шпанија.Овој клуб е стациониран во Малага град кој се наоѓа во шпанската провинција Андалузија.ФК Малага доаѓа како следбеник на претходно на претходно формираниот клуб CD Malaga (Club Deportivo Malaga) кој е формиран уште во 1923 година.ФК Малага е формиран во 1948 година под името (Club Atletico Malagueno) и низ годините делувал како резервен тим на CD Malaga се до 1992 година каде што како клубот се осамостојува и 2 сезони под името Club Atletico Malagueno настапува во шпанските ниски лиги и во шпанксиот Copa Del Rey.Пред почетокот на сезоната 1994/95 Club Atletico Malagueno и CD Malaga се обединуваат и формираат единствен клуб под денешното име,бои и амблеми ФК Малага.Низ историјата клубот немал никакви посериозни успеси,ниту еднаш ја немаат освоено Примерата ниту пак Копа дел Реј,со трофеј можат да се пофалат само како освојувачи на тогашниот интертото куп во 2002 година,куп кој што беше од најмал ранг,под Лигата на шампионите и купот на УЕФА.


Превземањето на клубот од страна на богатиот арапски тајкун


Во 2010 година,шеикот Абдула Ал Тани го купи клубот од поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лорензо Санц.Во тоа време,клубот беше на дното на табелата и му претстоеше тешка битка за опстанок која најверојатно ќе ја загубеа.Тимот го искористи зимскиот преоден рок и со парите на Абдула донесе 6 искусни играчи меѓу кои беа и Јулио Баптиста од Рома и Мартин Демикелис од Баерн Минхен.Во преодниот рок тимот потроши околу 7 милиони евра а доведе одлични играчи.По назначување на искусниот стратег од Чиле Мануел Пелегрини Малага заврши на средината на табелата (11 место ).





Активности во летниот трансфер период 

Неверојатно за многу следбеници на фудбалот,Малага во изминатиот период беше доста активна и за само 2 месеца,доведе вкупно 12 играчи од кои 9 потпиша на перманентен договор а тројца на едногодишна позајмица.Шеикот не се штедеше и потроши точно 58 милиони евра.Од Малага заминаа 9 играчи,сите на слободен трансфер што значи дека тимот не профитираше од продажбата на своите играчи.Во тимот стигнаа одлични играчи со големо реноме и искуство.Санти Казорла,Руд Ван Нистелрој,Жоакин,Жереми Тулалан е само дел од машинеријата која што беше доведена на Ла Росаледа.Останува да видиме уште колку нови имиња ке видиме во овој дрес до истекот на преодниот рок.Факт е дека Абдула не штеди и дека во наредниот месец дена колку што трае преодниот рок можеме да видиме уште многу (не)/пријатни изненадувања кои што ке пристигнат од и во Андалузија.

Што да очекуваме од овој тим во претсоечката сезона ??? 

Шпанската Примера дивизија е позната по доминацијата на двата најомразени тима во денешницата, ФК БАРСЕЛОНА и реал мадрид.Овие два тима се издвојуваат од сите останати и во минатото освојуваа независно од позицијата,измеѓу 85 и 105 бода.Стандардно добрите Валенсија,Севиља,Атлетико Мадрид и Виљареал вообичаено во изминативе 10ина  години се бореа за останатите 2 места кои водат во лигата на шампионите."Лавовите" од Билбао,Осасуна и Мајорка се дел од тимовите кои знаат да изненадат со добри игри и да се изборат за високо место на табелата.
Каде Малага би требало да се наоѓа на крајот од претстоечката сезона веројатно е прашањето што сите си го поставуваме.Познато е дека тимовите кои што трошат премногу пари во еден преоден рок,тимовите кои вештачки градат тим за само 3 месеци ( Ман Сити на пример ) не постигнуваат огромни успеси.Факт е дека ниту оваа екипа нема да го стори тоа,барем не во оваа сезона без разлика дали ке ги потпише Мурињо,Роналдо,Меси и Руни.Но да ги погледнеме фактите кои одат во прилог на овој тим: 
1.За разлика од другите новопечени екипи "богаташи " стратегијата на Малага околу трансферите е сосема поразлична.Тимот не се лета да го потпише секој играч што има статус на ѕвезда,играч кој што постигнал 10 гола или асистенции итн.Менаџментот се обидува да создаде мешавина од стабилни и искусни играчи и млади и талентирани "деца" што во овој момент им успева.
2.Тимот има одличен стратег во Мануел Пелегрини.
3.Тимот не излегува во Европа,што значи дека може да се фокусира само на настапите во првенството .Дел од тимовите понекогаш се "откажуваат " од настапите во купот уште во раната фаза со цел да се фокусираат на настапите во лигата.Можно е да се случи и вакво сценарио и во Малага.
4.Ослабениот Атлетико Мадрид по заминувањето на првата ѕвезда во тимот Серџо Агуеро,се поизвесното заминување на Мата од Валенсија,заминувањето на Казорла од Виљреал а исто така и можното заминување на Роси,неможноста на Севиља во последниве сезони да одигра во стандардно добра форма во текот на целата сезона се само причина повеке Малага да се надева на обезбедување на едно од преостанатите 2 места кои водат во лигата на шампионите.
5.Добрата форма во подготвителните натпревари која што Малага ја прикажува.




На крајот мое лично убедување е дека реален пласман на табелата во претсоечката сезона за Малага е од 4 до 8 место.Останува да видиме како овој тим ке се справи со предизвиците.